Се заменува 6 децении старата водоводна инсталација на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, по што оваа фреквентна улица во центарот на градот ќе добие комплетно нов коловоз и осветлување. Градоначалничката Наташа Петровска по увидот на терен ги пофали и охрабри екипите на ЈП „Водовод“ за брзото и исполнително вршење на работите.
-Осум прекопи на првиот дел од ул. „Димитар Илиевски Мурато“ (поранешна „Борис Кидрич“). 120m заменети рѓосани цевки, стари од 1960 година, со нови полиетиленски. Следува целосно санирање на коловозот и ново осветлување, како и продолжение на вториот дел до Широк Сокак.
Честитки до ЈП „Водовод“ за брзото, експедитивно работење, напиша Петровска .