На петтата седница на Собранието на пензионерите од Битола под претседателство на Крсте Белевски, се усвои извештајот за активностите, како и финансискиот извештај кој е позитивен.  

Се донесе одлука во селата Долно Оризари, Карамани и Трн каде има над сто членови пензионери да се формира огранок, со што Здужението на пензионери од Битола наместо 30 ќе има 31 огранок.

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, под претседателство на Томе Димитровски, ја усвои финансиската програма за минатата година и се осврна на активностите спроведени од 21 септември 2018 година кога новото раководство стапи во функација.

„Извештајот за работата во овој период е рален и многу динамичен“, соопштуваат од Здружението на пензионери од Битола.

Планираат во текот на оваа година да се зголемат активностите на културен и спортски план бидејќи битолските пензионери учествувале во сите активности што ги спроведе Сојузот на здруженија на пензионерите.

Здружението на пензионери од Битола им соопштува на своите членови – корисници на старосна, семејна и воена пензија дека започнува упис на млечни производи:

1.Кравји кашкавал штека (околу 3.0 кг.) за 310 денар/кг.

2.Кравји кашкавал вакум (парче околу 300 г.) за 320 денари/кг.

3.Мешан кашкавал штека (околу 3.0 кг.) за 330 денари/кг

4.Мешан кашкавал вакум (парче околу 300 г.) за 340 денари/кг

5.Кравјо бело сирење вакум (парче околу 300 гр.) за 220 ден.

6.Мешано бело сирење вакум ( парче околу 300 гр.) за 250 ден.

7.Биено сирење вакум (парче околу 300 гр.) за 320 ден/кг.

Минимална нарачка по производ е 2.5 кг.

Плаќањето е на 2 рати до 1500 денари

Над 1500 денари е на 3 рати

При уписот задолжителен е талон од пензија НЕ ПОСТАР ОД 3 МЕСЕЦИ и лична карта.

Млечните производи се од VEMILK, DOO IMV

Подигањето на производите ќе биде во горниот пазар на паркингот (комбе на VEMILK) по претходно известување на телефон.

Здружението на пензионери од Битола со новогодишни пакетчиња ги израдува децата со посебни потреби од Битола. Претставници од Здружението предводени од претседателот Томе Димитровски денес им подарија празнични пакетичња на  учениците од деветте специјални паралеки во Основното училиште „Ѓорги Сугарев“. Дечињата благодарни што пензионерите се сетија на нив, им подготвија културно-уметничка програма.

Хуманата мисија во која постарите донираа се помладите продолжи во Заводот за рехабититација на деца со оштетен слух,говор и глас „Кочо Рацин“, каде исто така им го разубавија денот на штитениците подарувајќи им пакетчиња. Тие им возрастија со приредба. Истиот ден Здружението на пезнионери ги посети и дечињата од ЈЗУ Завод за рехабилитација слух говор и глас Битола, им подарија новогодишни пакетчиња и им посакаа среќа, радост и здравје во Новата 2019 година. 

3223

 

345454654

 

По повод новогодишните празници, Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, одлучи да додели новогодишни подароци на 40 деца од посебните паралеки во Основното училиште „Ѓорги Сугарев“. На овој начин пензионерите сакаат да им ги разубават празниците на дел од децата со посебни потреби од ова училиште, меѓу кои има и социјални случаи.

Ова беше една од одлуките што ги донесе Извршниот одбор на денешната седница под претседателство на Томе Димитровски. На седницата беа разгледани повеќе прашања од доменот на активностите на пензионерите. Оценето е дека досегашната соработка со Здруженијата на пензионери од другите градови низ Македонија добро се одбива, а и во иднина се планираат активности за понатамошно интензивирање на соработката. Воедно, прифатено е и барањето на хорот „Сирма Војвода“ на 23 декември годинава да одржи  целовечерен концерт во Центарот за култура. 

Страница 9 од 9

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани