Здружението на пензионери од Битола ги известува своите членови од Битола, Новаци и Могила  дека од четврток, 28.01.2020 година ќе врши запишување на огревно дрво, по цени за просторен метар даб 2900 денари и просторен метар бука 2800 денари. 

Запишувањето ќе се врши  од страна на претседателите на ограноците во просториите на месните заедници, како што беше случаи и претходните години.  

Здружението на пензионери и денес продолжи со своите активности согласно мерките за здравствена заштита. На посебни три седници се одржани средби со претседателите на месните ограноци со кои раководеа претседателот на Извршниот одбор Томе Димитровски и претседателот на Собранието Крсте Белевски. Главни точки на дневниот ред беа програмата за активност во наредната година и финансискиот план за истата. За овие прашања деновиве расправаа и членовите на Извршниот одбор како и пензионерите кои се акативни во Собранието.

Оценка е дека и покрај пандемијата годинава предвидените активности се доследно извршени со водење на сметка за економично работење,а во програмата за работата за идната година исто така ќе се настојува Здружението да ги спроведува сите активности. Главен акцент ќе биде ставен на здравјето на пензионерите и активностите во месните заедници каде што за тоа има услови да се отворат клубови на пензионери.133613477 763620144503663 8858356131248981683 n

134199828 414394136576369 1082476763901771332 n

134300302 799513710627746 7967352388891833681 n

Собранието при Здружението на пензионери од Битола денес ја одржа шестата седница на која беа усвоени програмата за работа во 2021 година, финансискиот план за следната година и програмата за работа на Надзорниот одбор.

„Финансискиот план е како и во претходната година бидејќи во бројот на пензинери нема голема разлика. Приходите се главно од членарината на пензионерите и мал дел приход од кирии од осум станови кои ги има Здружението и еден деловен простор“, рече Крсте Белевски, претседател на Собранието.

Од понеделник раководството на Битолското здружение ќе се сретне со претставници на Шумското претпријатие во Скопје за да се дефинираат подробностите околу уписот на дрва за огрев за 2021 година.

„Во понеделник со претседателот Томе Димитровски имаме таква средба во Скопје. Веќе е испратена понуда за количина на дрва за следната година, ќе ги дефинираме работите и по празниците ќе објавиме дека ќе започнеме со упси на пензионери кои преку Здружението сакаат да си набават дрва за одгрев за следната зима“, рече Белевски.penzio3

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола одржа онлајн седница  под претседателство на Томе Димитровски  на која беше одлчучено да дадат придонес во подобрување на здравствената состојба во градот со тоа што ќе донираат материјални средства во Клиничката болница во Битола. И во изминатиот период Здружението на пензионери од Битола имаше добра соработка со Клиничката болница , па беа остварени неколку донации , а и понатаму остануваат отворени за взаемна соработка и помош.  .  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани