2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се укинуваат ПЦР тестовите и потврдите за прележаност или вакцинација за излез од Македонија

Февруари 22, 2022

Укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност на ковид-19 или вакцинација при излез од земјата, а бремените жени да се вратат на работа. Ова се двата предлога што Комисијата за заразни болести ќе ги достави до Министерството за здравство откако епидемиолошката состојба во земјава почна да се смирува.

„Тоа не значи дека во земјите каде е потребно да се поседува сертификат или ПЦР дека нема да се бара туку се укинува само мерката од минатата година дека треба овие документи да се прикажат при излез од државата“, рече д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.

Во однос на бремените жени рече дека се предлага да се укине ослободувањето од работа согласно препораките од релевантни институции и од примерите во светот каде силно се препорачува жениte кои планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат своето здравје.

Мерките за заштита од ковид-19 во земјава остануваат исти. Мехмедовиќ изјави дека вакцинацијата во нашата земја со примени две дози е 41 процент што е малку за да се размилсува во насока на укинување на некои од мерките кои спречуваат трансмисија на вирусот.

„Се̍ уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусoт на локално ниво и укинувањето на било која мерка и сертрификатите може да доведе до влошување на епидемиолошката состојба и повторно полнење на болниците и амбулантите“, рече Мехмедовиќ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани