2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Бившиот секретар на Општина Ресен поставен за раководител на Секторот за урбанизам во Битола

Март 15, 2022
Фото: Зоран Ѓоргиев -НСДП и Тони Коњановски, градоначалник Фото: Зоран Ѓоргиев -НСДП и Тони Коњановски, градоначалник

„Дали Битола, нема квалитетни луѓе, па моравте да го донесете бившиот секретар на Општина Ресен да биде раководител на сектор урбанизам? Откако Ресен го направи Холивуд, зарем сега очекувате Битола да ја направи како Холивуд? Зарем толку ја сакате и почитувате Битола?“ Вакво советничко прашање упати советникот Зоран Ѓорѓиев од НСДП до градоначалникот Тони Коњановски.

Градоначалникот договори дека тој не би ги делел луѓето од кое место доаѓаат, а би се задржал на стручноста и професионалноста.

„Се работи за човек со големо искуство во струката, осум години како раководител во сектор за урбанизам, која согласно законските можности кои ги дава Законот за административни службеници преку принцип на мобилност, преземање, стана дел од вработените на Општина Битола. Тоа ќе ја подобри целата организација во работењето, посебно во урбанизмот, ќе внесе нов квалитет“, рече Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани