2win800x200

Стрежево и РЕК потпишаа договор за снабдување на комбинатот со сурова вода од акумулацијата

Март 23, 2022

Директорите на РЕК и Стрежево, Пеце Матевски и Менде Граматковски потпишаа договор со кој хидросистемот Стрежево ќе обезбеди 12.000.000m³ непреработена вода на годишно ниво за потребите на РЕК „Битола". Потребните 12.000.000m³ вода за 2022 година до овај момент се обезбедени во целост, соопштија директорите

Хидросистемот „Стрежево" му испорачува вода на рударско-енергетскиот комбинат „Битола" за непрекинато, квантитативно покривање на потребите од сурова, непреработена вода во термоенергетската сфера, односно за ладење на разладните кули на блоковите, ладење на кондензаторот на турбината, ладење на лежиштата од поголемите електромотори и за други намени.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани