2win800x200

Коњановски-За Оливера Бикова општинска поддршка од 300.000 денари

Март 28, 2022

Градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, денеска организираа прием на Оливера Наковска Бикова, која на Европското првенство во стрелање со воздушен пиштол во Норвешка, освои златен медал.

Градоначалникот и претседателката на Советот и честитаа на Наковска Бикова за постигнатиот успех и ја информираа дека од страна на Општина Битола, ќе и бидат доделени финансиски средства во висина од 300.000 денари. Исто така, се разговараше и за можностите за подобрување на инфраструктурните услови во објектите, кои Наковска - Бикова ги користи за тренинг и подготовка за големите натпревари.

На средбата, меѓудругото, беше нагласено дека општината и во понатамошниот период, ќе продолжи да биде поддржувач на нашите сограѓани кои со своите големи успеси се европски и светски промотори на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани