АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Културен и информативен центар - Битола, поддржан од Општина Битола, а по повод 9 Мај „ Денот на Европа“ со особено задоволство го најавува свечениот концерт на маестро Дино Имери, во концертната сала на Палатата на културата - Офицерски дом во Битола. Овој настан е дел од програмата за одбележување на „Денот на Европа“ на Општина Битола и е прв пијано концерт на концертниот клавир „Bösendorfer“ по пренесувањето во Палатата на културата - Офицерски дом и воедно промоција на концертната сала во истиот.
На програмата се дела од: Ф. Шопен, Ф. Лист, А. Џамбазов, Д. Имери, М. Завков, С.Н. Ѓумар.
Концертот е на 9 мај со почеток во 20 часот. Резервации и влезници во билетарата на Културен и информативен центар Битола или на официјалната страна на центарот.