АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
9 мај е датум од исклучително значење за нас Македонците. Тоа е потврда на нашата историска определба за борба против секаков вид на идеологија што носи смрт, страдања и пустош и симбол на стремежот за интеграција, за просперитет и благосостојба, изјави претседателот на ОО на СДСМ Битола Драган Крајовски по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа и положи свежо цвеќе пред споменикот на НОВ во Битола.
-9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, годинава ги одбележуваме во околности кои мислевме дека нема да ни се случат нам, на новите генерации. 77 години од крајот на Втората светска војна и 75 години од декларацијата што го навести формирањето на Европската унија, очигледно имаме уште многу да учиме за солидарноста, за рамноправноста и за силата на обединувањето околу вредностите кои значат подобар живот за сите.
Денес, на Денот на Европа да се потсетиме и да ги вратиме во полн сјај социјалдемократските вредности кои носат мир и благосостојба. Да ги практикуваме секојдневно во нашето однесување бидејќи промената на подобро започнува од секој од нас и завршува со општо добро за секој од нас. Европа да ја донесеме во Битола оти Битола бездруго е дел од Европа со векови наназад. Да бидеме Европјани и кога сме дома, а не само кога патуваме во странство. Капацитет имаме, мотив и сила поседуваме. Да започнеме денес и да покажеме дека можеме, знаеме и умееме да бидеме европски македонци, европски битолчани, порача Крајовски.