На 14.05.2022 во 13.00 часот на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Скаловски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(57) од Битола и патничко возило „опел антара“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.С.(41) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.А.Т.(36), а со телесни повреди М.С.(50), двете од Кичево, сопатнички во возилото „опел антара“, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициска станица Битола.