2win800x200

Земјотрес во Тетовско почувствуван и во Битола

Мај 27, 2022

Земјотрес во Тетовско со јачина од 3,6 степени, утрово во 9 часот и 11 минути, го почувствуваа и битолчани. Земјотресот е регистриран на границата меѓу Србија и Македонија во реонот кај Тетово. 

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 3.6 и интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран денеска во 9 часот и 11 минути, на 32 километри југозападно од Скопје во пограничното епицентрално подрачје Тетово-Гостивар.

Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван од населението во Гостивар, Тетово и околината. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани