АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес се сретна со битолчанката Ана Котевска, која го искачи врвот Чимборазо, најодалечената точка од центарот на земјата, која се наоѓа на 6263 метри надморска височина.
Котевска зборуваше за подготовките кои му претходеа на големиот успех, за нејзината голема љубов кон планината, а го долови и прекрасното чувство и поглед кон убавините на Андите. Инаку Ана има искачено четири врвови на Еквадорските Анди, а со најновиот подвиг, за првпат се искачи на надморска височина над 6000 метри.
Градоначалникот Коњановски и честита на големите успеси, заблагодарувајќи и се што на овој начин покрај што претставува вистински пример за развој и поттикнување на спортскиот дух кај младите, истовремено е и вистински промотор на градот во меѓународни рамки.