АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По кратко боледување на 86 годишна возраст денес почина познатиот ликовен педагог и уметник Томислав Груевски од Битола. Ќе остане запаметен по тоа што 35 години предаваше ликовно воспитание и образование во Основното училиште „Коле Канински“ во Битола и кај многу генерации ги втемели основните ликовни врдености и љубовта кон уметноста. Од неговите ученици изгегоа и ликовни уметници. Груевски сликаше со голема леснотија, а неговите дела пленеа со убавина. Тој 20 години беше претседател на Феријалниот сојуз и за неговото дело беше награден со Златна плакета од Јосип Броз Тито.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 19 јули 2022 година, во капелата во Св. Недела во Битола а погребот е во 12 часот на Светонеделските гробишта.