2win800x200

Почина актерот Митко Апостоловски

Август 05, 2022

На 67 годиншна возраст почина актерот Митко Апостоловски. 

Веста за неговата смрт ја објавија неговите колеги од Народниот театар во Битола.

„Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот почитуван колега!“, пишува во  ФБ објавата на НТБ

Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995). Од 1995 г.  повторно се врати во  Народниот театар во Битола.

Играл во многу  театарски претстави, телевизиски серии и филмови. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани