АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на Јадранка Павловска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ Битола
Почитувани битолчани,
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски не води грижа за имотот на општината. Два месеци општинската зграда, училиштата, градинките, Офицерски, Кино Манаки, спортската сала Боро Чурлевски...не се осигурани!
Огласот за избор на осигурителна компанија која ќе го осигура општинскиот имот истекува денес, а претходниот договор важел до мај. Значи, цели два месеци Коњановски го оставил општинскиот имот на волја на судбината.
Ова претставува крајна негрижа за имотот на граѓаните на Битола за што Коњановски и неговите соработници треба да понесат одговорност и пред надлежни органи.
Објекти како Офицерски дом, Кино Манаки, спортската сала, училиштата, градинките...не смеат да бидат запоставени од градоначалникот и негова основна обврска е да се грижи за нив, да ги заштити и да ги унапредува. Но, наместо осигурување за овие објкети, Коњановски ги осигура возилата на општината. Веројатно да се осеќа безбедно кога сред работно време патува по простести.
Ете, така Коњановски и ВМРО – ДПМНЕ знаат да се грижат за општото добро и за имотот на битолчани. Партиски кадри ангажираат за комунални редари да ги пазат цвеќињата некој да не ги укради, а училишта, градинки и други објекти сред лето ги оставаат неосигурани. Офицерски само пред неколку недели беше прогласен за објект од особено значење, ама Коњановски мисли дека сликањето му е единствената обврска.
Не, градоначалниче, освен да позирате имате обврска и да го штитите имотот на општината. Додека се избере осигурнителна компанија, ставете ги објектит под 24 часовен надзор или запрете ги сите настани во нив.
Ако, пак, немате пари да го платите осигурувањето на Офицерски, спортската, училиштата, градинките, направете ребаланс на буџетот и обезбедете средства. За ова ќе ја имате поддршката од нашата советничка група.