В.д. управителите и надзорот на новите друштва за топлина се вработени во АД ЕСМ и беа вклучени во енергетската криза во претходната грејна сезона

Август 04, 2022

По задолжување од Владата на Р. Северна Македонија, АД ЕСМ формира три Друштва за топлинска енергија: производство, дистрибуција и снабдување, со кои ќе се пријави на јавниот повик за обезбедување парно греење за градот Скопје.

Согласно законот, на секој ДООЕЛ е назначен в.д. управител и Надзорен одбор.

Во надзорните одбори се назначени:

-едно стручно лице од областа на енергетиката и топлинското снабдување,

- еден правник и

-еден економист.

Сите лица се вработени во АД ЕСМ со редовни работни задачи, додека обврските во новите друштва им се доделени како дополнителна работна обврска.

Лицето Бесијана Џафери Беќири е вработена како правник во секторот за развој и инвестиции и е член на назорот на едно од ДООЕЛ-ите. Во текот на изминатата грејна сезона вклучена беше во работни задачи при процесот на менаџирање на БЕГ од страна на АД ЕСМ, кои задачи ги изврши на највисоко професионално ниво, како впрочем и сите други споменати вработени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани