2win800x200

Лидија Тфирст Митревска се враќа за директор на градинката во Битола, со одлука на МТСП

Август 04, 2022

Министерството за труд и социјална политика ја враќа Лидија Тфирст Митревска за директор на градинките „Естреа Овадија Мара“ во Битола и му ги одзема ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски за назначување на директор во оваа претшколска установа. Само пред десеттина дена Општина Битола информира дека назначила нов в.д директор на градинките, Весна Лозановска, дипломиран економист, вработена во установата. Но со новото решение Министерството ја разрешува Лозановска и повторно ја назначува Лидија Тфирст Митревска.

Министерството за труд и социјала, според наши извори во Битола испратило три решенија, за разрешување на Лозановска, за доделување на втор мандат од 4 години на Тфирст Митревска и за одземање на ингеренциите на Коњановски, во делот на назначување на директор, што значи дека ова е петта одлука на МТСП за одземање на ингеренции  на Коњановски во однос на градинките во Битола.  

Како што веќе пишувавме одземени се ингеренции за назначување на член во Управен Одбор од редот на вработените, за донесување на годишната програма, за донесување на годишниот извештај за работа на установата и за завршната сметка, сите овие постапки не помина на седница на Совет на Општина Битола.

Лидија Тфирст Митревска беше назначена за директор пред 4 години и мандатот и истече на 23 јули. Иако Управниот одбор во два наврати ја избра Тфирст Митревска за директор, по распишан оглас, сепак Коњановски постави свој човек на оваа позиција, спротивно на одлуката на УО.

Во изминатите  две недели Лозановска ја презеде функцијата в.д директор во градинката, но од денес директор на установата е Лидија Тфирст Митревска.

Од општина Битола потврдуваат дека денес е доставено решение од страна на Министерството за одземените надлежноста на Коњановски. Но, градоначалникот има свое образложение зошто поставил нов директор на градинката.

„Од страна на Општината, директорката која беше дадена како предлог од Управниот одбор не беше назначена поради реакции од страна на членови на Управниот одбор за неправилности при изборот и сомнеж за веродостојноста на сертификатот по англиски јазик. Општина Битола, претходно два пати се обрати до претседателката на Управниот одбор на градинката и до тогашната директорка Лидија Тфирст-Митревска, но документацијата не беше доставена“, стои во реакцијата од Општина Битола .

Од Општината очекуваат, особено каде се во прашање најмладите и грижата за нив, делувањето на сите нивоа да биде без политички влијанија. 

„Имајќи ја предвид надлежноста на општината, која секако треба да значи координирано работење на сите нивоа, а пред се со директорот кој ја води установата, во интерс на реконструкција на објекти, изградба на нови капацитети, подобрување на условите во детските градинки,  јасно е дека во овој случај негативно се влијае врз можностите за успешно работење на установата. Општина Битола, очекува во сите случаи, а посебно во ваквите, каде се во прашање најмладите и грижата за нив, делувањето на сите нивоа да биде без политички влијанија, во интерес на сите граѓани на општина Битола, велат од општина Битола.(А.Б)

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани