АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заврши првиот дел од проектот за подобрување на состојбата со снабдување на електрична енергија на ромското население во населбата Баир. Инвестирани се 2,5 милиони денари, при што се поставени нови линии, подобрени се и веќе постоечките, а во тек е приклучувањето на домаќинствата на електричната мрежа.
Во втората фаза за чија реализација ќе бидат инвестирани над 3 милиони денари, заеднички средства со ЕВН, треба да се изгради нова трафостаница и да се изврши реконструкција на постојната електрична мрежа, во делот на улицата Караорман на битолскиот Баир.
Активностите се дел од стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, донесена од Владата на Република Македонија, а која се однесува на делот каде што живее ромското население во Битола, за што на денешната средба разговарале градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, со министерот без ресор, Аксел Ахмедовски. Исто така станало збор за други проекти кои се однесуваат на подобрување на состојбите и решавање на одредени проблеми со кои се соочува населението од овој дел на градот. Ист