АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во попладневните часови, заврши акцијата за остранување на гаражите и објекти во просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ, соопштија од Општина Битола.
-Битолските јавни претпријатија на терен деновиве ги отстрануваа објектите и го расчистуваа теренот, подготвувајќи го за натамошно урбано уредување на просторот. Акцијата за отстранување на диво изградените гаражи и објекти во градот и натаму ќе се спроведува од страна на општина Битола. Бидејќи станува збор за многу локации и многу барања од страна на жителите на поголеми населби во градот, да се стави конечно ред со диво изградените гаражи и објекти, се утврдува редоследот на постапување. Исто како и кај гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ, така и за следната интервенција, јавноста ќе биде известена, а претходно и сопствениците на диво изградените гаражи, со цел да ги отстранат предметите кои што ги чуваат во нив, велат од Општина Битола