2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Општината објави јавен повик за субвенционирање ПВЦ дограма и за енергетска обнова на старите згради

Јуни 21, 2023

Со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата преку замена на старата, дотраена и енергетско неефикасна дограма со нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на територија на Општина Битола, на барателите за надоместување на дел од трошоците за набавка и монтажа на нова ПВЦ или алуминиумска дограма, Општина Битола ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 30% од вредноста, но не повеќе од 30.000,00 денари.

Потенцијални добитници на надоместок се единствено лицата со живеалиште во Општина Битола кои имаат набавено и монтирано нова ПВЦ или алуминиумска дограма од 21.06.2023 до 12.07.2023 година и кои ќе ја поднесат целосната документација наведена во точка 2.1 од овој Јавен повик.

На Јавниот повик немаат право на учество сопствениците на станбени објекти кои се сеуште во фаза на изградба.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола и на огласната табла. Повикот трае од 21.06.2023 година до 12.07.2023 година и за истиот може да се аплицира на шалтерите во Општина Битола.

Повеќе информации за јавниот повик се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-pvc/.

Покрај споменатиот, општина Битола објави ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање и поддршка на станбени згради за колективно домување со проектот „Енергетски ефикасни домови“ во Општина Битола.

Субвеционирањето и поддршката ќе се врши со средства од Буџетот на Општина Битола за 2023 година од Програмата (Р1)- ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, наменети за инвестиции во енергетска ефикасност на станбените згради за колективно домување, а врз основа на критериумите дадени во овој Јавен повик.

Предмет на Јавниот повик е субвенционирањето и поддршката на заедниците на сопственици или овластени управители на станбени згради за колективно домување во Општина Битола за инвестиции со мерки за енергетска ефикасност во заедничките делови на зградите за колективно домување во делот на:

- Инвестирање во енергетска обнова на колективните станбени згради

Вкупниот буџет кој е планиран за овој Јавен повик врз основа на Програмата (Р1) - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА на Општина Битола за 2023 година е во висина од 3.125.000,00 денари.

Субвенционирањето ќе биде поддржано со финансиски средства од Буџетот на Општина Битола согласно горенаведената Програма (Р1) - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА на Општина Битола за 2023 година во висина од 30%,  но не повеќе од 750.000,00 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одобрена апликација.

Право на учество за субвенционирање и поддршка имаат станбените згради за колективно домување кои целосно ќе ги исполнат следните услови:

    1. Станбените заедници за колективно домување да бидат постари од 30 години и да достават Изјава за старост на колективниот станбен објект, дадена и потпишана од овластено лице за застапување.
  • Предност ќе имаат оние колективни домувања кои формираат целина.
    1. Да имаат донесено Одлука за учество во проектот „Енергетско ефикасни домови” со мерки за ЕЕ за делови со заедничка сопственост на фасада и кров од станбените згради за колективно домување.

Појаснување: Одлуката се смета за усвоена доколку истите своерачно ги потпишале 50% плус 1 сопственик од вкупниот број на сопственици на посебните делови на колективниот станбен објект.

  • Одлуките се доставуваат во оригинален примерок или нотарски заверена копија.
  • Одлука од Заедницата на станари или преку овластен Управител за реновирање на зградата за колективно домување односно воведување на мерки за енергетска ефикасност.

    1. Станбената заедница потребно е да биде евидентирана во Регистарот на станбени згради при Општина Битола и да нема долгови, Комисијата задолжена за разгледување на пристигнатите апликации ќе врши увид во истата.

Повеќе информации во врска со јавниот повик и потребната документација, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-sub-efikasni-domovi/.

Рокот за поднесување на апликациите по овој јавен повик ќе трае 15 работни денови од денот на објавување на веб страната на Општина Битола и на огласна табла во општината, односно од 21.06.2023 год. до 12.07.2023 год.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани