Деновиве, активно се одвиваат градежни работи на просторот зад зградата кај поранешниот ЈАТ, соопштија од Општина Битола
Предвидените градежни активности опфаќаат одводнување (поставување на соодветен канализационен систем), поплочување на просторот и осветлување на ул. Рузвелтова бб, на површина од 2500 м2, во вредност од 6.951.952 денари.
Времето предвидено за изведба на градежните активности е 40 работни дена, со што на оваа локација ќе се добие една заокружена урбана целина, како што доликува за централното градско подрачје.