2win800x200

Трибина на СВР Битола - „Борба против дрогата“ со ученици од Долната Гимназија

Септември 20, 2022
Денеска(20.09.), Отсекот за превенција при СВР Битола и инспектори за дрога од Криминалистичката полиција при СВР Битола во Средното училиште „Таки Даскалот“ во Битола одржаа едукативна трибина со учениците од ова средно училиште на тема - „Борба против дрогата“, односно како да се препознаат девијантните појави кај младите и ризиците од злоупотреба на наркотични дроги и алкохол. Воедно, како тема беше опфатен и сајбер булингот меѓу младите.
Исто така, беше одржан и состанок со наставничкиот и раководен кадар на кој беа разменети идеи и размислувања за понатамошна соработка и проблеми со кои се соочуваат тие и младите.
Во текот на оваа недела, предвидено е слични предавања СВР Битола да реализира во повеќе средни училишта на подрачјето на Секторот. Целта е на младите, пред се, но и на останатите да им се укаже од опасностите од злоупотребата на наркотиците, како од законски аспект, така и од аспект на загрозување на здравјето на младата популација.
Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани