АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со цел да се унапреди куглањето како спорт во градот, Општина Битола и женскиот кугларски клуб „Пелистер пин“, како и машкиот клуб „Пелистер 1982“, потпишаа меморандум за соработка. Градоначалникот Тони Коњановски ја посети кугланата во Битола и беше запознат со резултатите, успесите и начинот на изведување на тренинзите на кугларите во Битола, особено на кугларките, кои имаат големи меѓународни успеси, од страна на претседателите на клубовите, Игор Михајловски и Тоде Ристевски.
Со потпишувањето на меморандумот, трите страни се согласни дека координирано и општествено одговорно ќе работат на унапредување на куглањето како спорт во Битола, негово омасовување, афирмација и стремење кон повисоки стандарди за достигнување на европски и светски врвни резултати.
Женскиот кугларски клуб „Пелистер“, како и машиот клуб „Пелистер 1982“ ќе помогнат бесплатно со своите ресурси и вештини, за унапредување на овој спорт, а активностите кои клубот ќе ги реализира би биле самоодржливи и бесплатни за ученици, студенти и лица со попреченост.
Општината од своја страна, ќе помогне во отстапување на кугларски патеки и термини согласно предвидени активности и план на „Пелистер пин“, со цел да се овозможи сигурна реализација на проекти од поширок општествен интерес, за сите категории и возрасти.