Ученици немаат превоз за да стигнат до своите училишта, а градоначалникот Тони Коњановски со авион лета во Брисел!
Со себе ги понесе и претседателката на Советот, Габриела Илиевска и сектретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, плус заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, и уште двајца од општината.
Дури учениците мака мачат да најдат превоз до училиштата, цела свита од Општина Битола на чело со градоначалникот Тони Коњановски замина во Брисел на прошетка.
Колку пари ќе бидат потрошени од општинската каса за оваа екскурзија на целото општинско раководство?
Која е целта на патувањето во Брисел?
Дали е точно дека Коњановски отиде во Брисел за да се слика за покривот и дограмата на спортската сала, проект завршен со европски пари минатата година? Дека беше реализиран од страна на локалната самоуправа предводена од СДСМ веќе се подразбира.
Ги повикуваме Коњановски и тајфата да излезат од филмот “Богати и славни” и да се зафатат со решавање на проблемите во Битола. Наместо да лета со авион, Коњановски итно да им обезбеди автобуски превоз на учениците оти тоа е негова законска обврска!