2win800x200

Јасмина Буневска заминува од Советот на Општина Битола

Октомври 17, 2022
 
Професорката Јасмина Буневска Талевска го враќа мандатот како советник во Советото на Општина Битола од редовите на СДСМ
Таа на својот фејсбук профил објави дека денес, го завршува мандат како Советник во Советот на Општина Битола, бидејќи, и  е дадена доверба за секторско координирање на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола, како проретктор за студентски прашања.  
Еве што напиша таа за својот досегашен ангажман во Советот на Општина Битола. 
 
-Желбата за придонес во развојот на нашиот битолски универзитет „Св.Климент Охридски“, (мојата Alma Mater), желбата за осовременување и подигнување на студентскиот сервис се мојата единствена логична аксиома, и можност да се оддолжам на мојот УКЛО за се’ што ми овозможил во животот, и тоа на најубавиот можен начин – преку работа СО СТУДЕНТИТЕ !
ЗАМИНУВАМ, ЗАДОВОЛНА ОД РАБОТАТА ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА, преточена во:
Иницијатива, донесена одлука, формирана работна група и доставен материјал за начинот на регулирање на доставата на стоки во градот;
Иницијатива, донесена одлука, формирана работна група и доставен материјал со насоки кон подобра велосипедска инфраструктура;
е приклучив и кон иницијативата за подобра пешачка инфраструктура, формиравме работна, на која и доставив работен материјал исто така;
Иницијатива и донесена одлука за подигнување на хаварисаните и дотраени возила од територијата на општина Битола;
Поднесов и ПРЕТСТАВКА за подобрување на сообраќајната сигнализација во градот, со единствена цел за поттикнување на носителите на одлуките да побрзаат, бидејќи безбедноста на граѓаните нема цена!
Дадов низа на конструктивни укажувања, совети и предлози во рамките на работата на Комисиите при советот, а со единствена цел транспарентно и проактивно да се делува во насока на добра урбанизација, безбеден град, чист воздух, зелена околина и задоволни граѓани. Воедно,
Им се заблагодарувам на колегите во Советот за конструктивноста, за соработката и им посакувам и порачувам енергијата да ја користат за носење на добри и мудри одлуки!
Ја поздравувам одлуката на локалната самоуправа проектот „Основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во Битола, со технички број С_56/2014, (коj им беше посочен и во Развојниот план за велосипедска инфраструктура од Април 2022) да го понудат за тендерирање пред претставниците на консултантската компанија Mott MacDonald задолжени од Светска банка за поддршка на општините во процесот на тендерирање на готови проекти во рамки на проектот за управување со локална патна мрежа!
Верувам дека Општина Битола ќе изработи добра тендерска апликација и ќе се успее во обидот да се добијат средства од Светска банка за изградба на велосипедски патеки. Се заблагодарувам, бидејќи Битола мора да биде велосипедски град  и се надевам дека ако не ѝ порано, за најмалку две (2) години ќе ги добиеме првите вистински велосипедски патеки во Битола.
Неизмерна благодарност упатувам на моите сограѓани за сите пораки со поддршка, добра мисла и убав збор! Помогнав – секому кој ми се обрати, онолку колку што беа моите можности, а секако никогаш нема да престанам да помагам!
Ви се заблагодарувам и на сите вас кои имавте спротивни ставови и мислење (тоа е корисно, иако сум сигурна дека или не сте размислиле добро или не сте биле добро информирани пред да го кажете јавно своето негативно мислење)!
ВИ ВЕТУВАМ, ПРОАКТИВНА РАБОТА СО СТУДЕНТИТЕ, СО НАШИТЕ (ВАШИТЕ) ДЕЦА, СО НИВ - ЗА НИВ, ЗА ВАС, ЗА СИТЕ НАС ПРИЈАТЕЛИ мои, И ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ЈА ОПРАВДАМ ДОВЕРБАТА КОЈА МИ ЈА ДАДЕ РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ПРОФЕСОР ИГОР НЕДЕЛКОВСКИ!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани