АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на Дејан Србиновски, член на комисија за енергетика
Најпрво да ги поздравам “стручњаците” од енергетиката во ДПMНE и да им кажам дека трансформаторот не е пар чорапи, па да се скрие, како што тие криеја убиство на момче на митинг.
Вие, од ДПМНЕ, РЕК Битола го оставивте распаднат, без ископан и депониран јаглен, но и без никаков проект и план како да се продолжи рентабилно да се работи во рудникот, го оставивте без механизација, ремонт на ниеден блок, работници без К-15, автобуси во којшто беше невозможно да се превезуваат вработени.
Сега, на депонија има 300 илјади тони јаглен, деноноќно се копа во двата рудници, се набавува механизација и нови автобуси и работниците без тужби земаат К-15 покрај покачените плати, а за брзо ќе ја вратиме и кујната.
Престанете со вашите бомбастични изјави дека РЕК Битола ќе се затвори. Па, ако ве слушавме, сега требаше да бидиме преплавени од мигранти кои ќе ги доселувавме. Олабавете малку! И фантазиите имаат граница.
Наместо да трошите енергија за теми и прашања за кои не сте дораснати, посветете се на кучињата, ѓубрето и дупките низ Битола. Ама, и за тоа битолчани сфатија дека не ве бива.