2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Снег и намалена видливост на планинските превои

Февруари 13, 2018

Попладнево поради обилните снежни врнежи, прогласена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои Пресека, Буково и Ѓавато, како  и кон граничниот премин Ќафасан. На Буково сообраќајот е забранет и за автомобили, известуваат од АМСМ

 

 Поради магла, видливоста е намалена до 100 метри на превојот Стража и на 30 до 40 метри на превојот Ѓавато. 

Поради  новите  врнежи од дожд и снег, можно е извесно зголемување на водостоите на реките, особено во западните и јужните делови од земјата, но сепак не се очекува излевање, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува зголемување на водостојот на Трска, Црна Река и Голема Река во околината на Ресен. 

Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолците, иако не очекуваат поплавувања.

Врнежи од дожд се најавуваат за денес и во текот на ноќта. Според прогнозата на некои места тие ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Во наредните денови се очекува доста студено време, а  на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани