2win800x200

Битола доби регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на насилство

Декември 09, 2022
Во Битола, денес беше отворен Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, кој ќе им овозможи услуги на сите оние кои имаат потреба од истите, а гравитираат во Пелагонискиот регион. Центарот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека на овој начин, општината прави голем чекор напред во решавање и превенирањето на еден сериозен проблем во заедницата, потврден, за жал низ конкретни бројки и показатели.
„Денес, ми претставува огромно задоволство фактот, дека сериозно продолжуваме Битола да ја претворaме вистински во општина со еднакви можности за сите и за жените и за мажите. Како резултат на нашата решеност општина Битола да биде вистинска поддршка за сите нејзини граѓани, а услугите кои ќе ги нуди да одговараат на нивните индивидуални потреби, навистина е многу важен е денешниот чин.
Оттаму, неопходноста од отворање на еден ваков Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство и Битола е една од првите општини во Државата која со сопствени средства го овозможува неговото функционирање“, рече градоначалникот Коњановски, посакувајќи успешна работа на Центарот.
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека, за насилството не смее да има толеранција, а во таа насока, општината останува посветена, со конкретни чекори во унапредувањето на еднаквите можности меѓу жените и мажите и секојдневно градење што поголеми можности за реализација на женските права, додека борбата за еднаквост на мажите и жените, треба да продолжи секој ден и во секој сегмент од креирањето на јавните политики и донесувањето одлуки.
Можно е да е слика од 13 луѓе, маса и дневна соба
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани