АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, 2022 година ја завршува работно со дореализација на градежните активности кои се одвиваа во текот на целата година на различни локации. Со денешното асфалтирање на локалниот пат за село Брусник, се завршува 19 улица од проектот „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“, предвиден од локалната самоуправа за 2022 година.
Во селото Брусник, инфраструктурните активности се одвиваа во должина од 1500 метри, при што извршена е изведба на колектор за фекална канализација во вредност од 9.684.747 денари и реконструкција на коловозот, во вредност од 8.331.263 денари.
Градоначалникот Коњановски, на денешната седница на Совет, информираше дека интензивно се работи и на „Булевар 1 Мај“, со цел завршување и на оваа улица до крајот на годината.
Со програмите и буџетот за следната година, локалната самоуправа планира реконструкција на 40 улици во урбаниот и руралниот дел на општината.