2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

"Флоријан" ги дотолчи јаболката во Преспа

Јули 09, 2018

Невремето што попладнево околу 15 часот повторно  ја зафати Преспа, со дожд и град со големина на орев, ги дотолчи јаболката  во преспанските овоштарници. 

Производителите велат дека веќе ништо не остана од годинешниот род и бараат надлежните да го активираат системот за градобијна одбрана. 

Град ги исчука јаболката и во мај годинава. Ова е трета година по ред како овоштарниците во Преспа трпат големи штети од пролетните невремиња. Лани пролетните мразеви во април оштетија 90 проценти од јаболковите насади, а градот во јуни ги сотре останатите десетина проценти. 

Овоштарите се жалат дека поради намаленото производство и приходи од претходните години,  немаат пари ниту да ги осигураат посевите. 

По циклонот "Флоријан" што ја зафати државата деновиве,  метеоролозите најавуваат дека утре во поголемиот дел од земјава ќе настапи стабилизирање на времето, а во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд.

Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани