2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ИСПОЛНЕТ АМАНЕТОТ- ПО 80 ГОДИНИ ЧУВАЊЕ БИТОЛСКО СЕМЕЈСТВО ГИ ПРЕДАДЕ СЛИКИТЕ НА ТАЛЕНТИРАНИОТ ЕВРЕИН ГАСТОН ГАМЛИЕЛ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ОД ИЗРАЕЛ

Март 09, 2023

Стотици цртежи со висок уметнички квалитет изработени од младиот талентиран Евреин од Битола, Гастон Гамлиел, денес на 80 годишнината од депортацијата на Евреите, битолското семејството Нашоку му  ги предаде на роднините на уметникот, семејството Ароести од Израел. Гастон починал во Битола во 1939 година од тифус најверојатно на 19 годишна возраст, а неговото семејство ги зачувало цретежите како последен спомен од него. Пред да биде депортирано во 1943 година , таткото на Гастон, побарал од партизанот Павле Кипровски од Битола да ги зачува творбите на син му и во иднина да му ги врати на семејството. Но, за жал никој од семејство не се вратил од Треблинка. Па, цртежите останаа на чување како аманет кај Кипровски, а потоа и кај семејството Нашоку во кое се омажила ќерката на партизанот, Аница Нашоку, објави СДК.МК. 

„Многу сум возбудена. Ова е непроценливо богатство за моето семејство. Се̍ уште размислувам што ќе правам со нив. Сакам да посетам некои музеи во Израел. Сакам да направам многу добар спомен за нашето семејство преку животната приказна на Гастон. Приказна која ги поврзува народот на Израел и битолскиот“, рече  Рејчел Ароести, сега омажена како Фридман која живее во Израел, а е внука на младиот талентиран уметник од Битола.

рејчел АРОЕСТИ со портрет на кој ГАстон се насликал себеси

Семејството Кипровски, а потоа Нашоку со години цртежите верно ги чуваше. 

„Семејството Гамлиел живееше кај нас под кирија во нашата стара куќа. За време на војната пред да бидат депортирани , таткото на Гастон ги остави сликите во наследство на татко ми да ги чуваме, ако случајно некој се врати од депортацијата да му ги предадеме. Мојот татко кој беше партизан им понуди да ги префрли в планина и да ги спаси. Ама имаа стара баба на 90 години и не сакаа да ја остават. Така сите заминаа во Треблинка. Гастон имаше два браќа близнаци , сестра, баба, татко и мајка “, раскажува Аница Нашоку.  

Аница нашоку и Рејчел Ароести

Досега имале многу можности да ги предадат во музеј, па и да ги продадат. Но, сакале да го исполнат аманетот и да ги дадат на некој од семејството за кого ќе имаат најголемо значење.

„Читајќи ги книгите на историчарот Ѓорги Цолев- Џоџа и гледајќи порано телевизиското интервју на Петар Ставрев со семејството Нашоку, дојде приказната до моите уши. Пред три месеци во Израел на една церемонија  сретнав фамилии кои живеат таму, а имаат битолско потекло. Во неврзан разговор Рејчел го спомна презимето на баба ѝ Гамлиел. Тогаш се сетив дека можно е таа да е врската и сакав и да помогнам да се сретнат семејствата“, рече Ѓоргиев кој утре ја промовира неговата книга „Траги на еврејското наследство во Битола“.

извор: СДК.МК https://sdk.mk/index.php/kultura/80-godini-bitolsko-partizansko-semejstvo-chuvalo-kako-amanet-sliki-na-evrejski-umetnik-deneska-gi-predade-na-izraelski-rodini/

мртва природа

цртежи

семјеството Нашоку Ароести и Зоран Ѓориев кој ги спои

ч

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани