АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Камион кој пренесува огревно дрво денеска се движеше по битолски Широк Сокак. Влезе во пешачката зона од локацијата„ Камен мост“, а откако ги растовари дрвата, излезе кај Офицерски дом. Камионот минуваше покрај пешаците, меѓу масите од кафулињата во долниот дел на Широк Сокак, а по плочките течеше масло.
Нешто подоцна, на Широк Сокак се појави такси возило, кое се размина со друго возило. Околу пладне, кога е фреквентно и раздвижено, во една од околните продавници, комбе вршеше дотур на стока. Вдолж главната битолска улица, велоспидистите, наместо да ги туркаат велосипедите, тие со возење се пробиваат меѓу пешаците, мајките со колички во кои ги возат бебињата, децата кои трчкаат по пешачката зона.
Сообраќајните знаци кои покажуваат забрана за движење на моротни возила по Широк Сокак, не важат за некои граѓани.
Иако по Широк Сокак, можат да минуваат со возила жителите на оваа амбинтална улица, сепак пешачката зона станува опасна за оние за кои е наменета-пешаците.