АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здруженијата кои се занимаваат со географија покренаа и доставија барање до МОН и БРО за задржување на географијата како посебен предмет и запирање на концепцијата во основното образование. Иницијативата го носи слоганот „Да кажеме НЕ на уништувањето на ГЕОГРАФИЈАТА како предмет!“
Во барањето пишува дека со новата Концепција во основното образование, географијата целосно се деградира и разнебитува. Географијата е спој помеѓу природните и социо-економските карактеристики на просторот. Со Концепцијата овие две нишки целосно се одвојуваат и вештачки се спојуваат со други предмети, што ќе доведе до несогледливи последици, како по учениците, така и по наставниците.
1. Не постои факултет кој продуцира кадар за природни науки, остручен за работа по различни модули од областа на биологија, географија, физика и хемија. Сегашниот наставен кадар е недоволно стручен за најголем дел од наставните содржини, бидејќи нема соодветно образование.
2. Според податоци од Државниот завод за статистика 2021/2022 од 11 146 паралелки во основно образование има 1238 паралелки во VI одделение. Бидејќи наставниците по географија имаа по два часа (72часа) ќе се изгубат 1238 часа или 62 работни места. Доколку концепцијата продолжи по зацртаниот план во VII, VIII и IX одделение ќе се изгубат дополнителни 186 работни места, односно 248 наставници по географија кои имаат редовен работен однос ќе останат без работа.
3. Делови од природната географија (географска положба, планини, реки, езера, клима и сл.) се изучуваат во предметот Историја и општество за IV, V и VI одд., со што, учениците доаѓаат до конфузија за предметот на изучување на природните и општествените науки.
4. НЕВОЗМОЖНО е интегрирање на географијата со историјата и граѓанското образование, бидејќи и при усвојување на знаења од општествената и економската географија (во склопот на регионалната географија во VIII и IX одделение), секогаш се поврзуваат и се усвојуваат знаења од физичката географија. На тој начин учениците ги осознаваат причинско - последичните врски и специфичностите на соодветниот географски простор.
„Наши основни барања се:
1. Задржување на статусот на географијата како ПОСЕБЕН предмет (најмалку во следните одделенија VII, VIII и IX одделение) согласно нејзиниот комплексен карактер како научна дисциплина. Односно ИСКЛУЧУВАЊЕ од предметите природни науки и историја и општество.
2. Модуларно изучување на наставните содржини и теми по предметот природни науки во V и VI одделение (како што беше претходно најавено), а НЕ сите содржини кои се однесуваат на предметите: географија, биологија, физика и хемија да ги предава еден наставник.
3. Воведување на модуларно изучување за географските содржини во предметот историја и општество во V одделение„вели професорот Мите Ристов од Геосфера.
Иницијативата за задржување на географијата како посебен предмет е доставена до МОН, БРО и претседателот на државата.
Кон Иницијативата се приклучија следниве организации: