АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола денес (05.05.2023) со низа свечености го одбележува 7ми Мај -Денот на полицијата . Заеднички со сите граѓани ,претставници на институции,здруженија,соработници,а посебно најмалите од градинките "Пролет ","Снегулка","Мали генијалци "и ученици од основното училиште "Даме Груев " како и учениците од сообраќајната училишна единица од "Таки Даскалот " од Битола и оваа година на овој ден имавме отворен ден како во Битола така и во останатите градови (Ресен,Прилеп,Демир Хисар,Крушево и Македонски Брод) при што истите со нивното присуство не почестија како најдраги гости во просториите на СВР Битола и останатите ОВР . На истите ,полициските службеници им ја презентираа опремата и ги запознаваа со нашето секојдневно работење и извршување на секојдневните активности ,а од нивна страна бевме почестени со безброј пораки ,цртежи,изработки на сообраќајни знаци,песнички,игри и сл. Нашите простории и денес како и секој ден се отворени за сите граѓани на СВР Битола и нашето мото и денес им го презентиравме на присутните дека -Полицијата е во служба на граѓаните - ние сме тука да ја гарантираме нивната безбедност и заеднички да придонесеме за побезбедна средина за живеење на сите граѓани.
в