2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ревизорскиот извештај ја потврди ланската загуба на “Нискоградба“ од половина милион евра

Јули 21, 2018

Ревизорскиот извештај за финансиското работење на ЈП „Нискоградба“ ја потврди загубата од 32 милиони денари на ова јавно претпријатие за 2017 година. Управниот одбор во март годинава не ја усвои завршната сметка на „Нискоградба“, а зелено светло не даде ниту Советот на општина Битола, сомневајќи се во реалноста на прикажаните бројки.

Поради тоа ангажирана беше независната ревизорска куќе„ Руле“, да направи ревизија на целокупното работење за минатата година, при што е утврдено дека бројките се точно прикажани, но загубата е 32 милиони денари. Раководството на претпријатието одлучи загубата да се покрие со акумулираната добивка од претходните години, што се најде на дневен ред пред советниците на последната седница на Советот на Општина Битола. 

-Претходно од оваа говрница велев, почекајте колеги ќе дојде ревизороскиот извештај и ќе го потврди она што го кажувавме. Во него пишува, „остварен приход за 2017 е 124 милиони денари, остварен расход е 157 милиони денари, а остварена загуба 32 милиони денари“. Во заклучокот на ревизорскиот извештај се потврдува се што сме говореле од оваа говорница. Претходниот директор не убедуваше дека кредитите што ги змеаше  ќе бидат потрошени за претпријатието да оди во правилна насока, а сега се потврди дека парите завршувале на друго место, за лични и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека влaдеачкото мнозинство манипулира со јавноста, затоа што загубата се таложела со години.

-Бројките се тие, но лагите и манипулациите се исти откако дојдовте на власт наваму. Точно е дека има 32 милиони денари загуба, но бидете доблесни и кажете дека најголем дел се однесуваат на застарени побарувања во вкупна вредност од 25 милиони денари кои се акумулирале во претпријатието од 1995 година до денес. Но цел овој циркус го правите за да продолжите да манипулирате со вистината. Има акумулирана добивка, од неа ќе се покрие загубата. Но, се прави фама како којзнае што да се случи, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Советот Валентин Груевски, рече дека ВМРО-ДПМНЕ се уште се обидува да го брани работењето на Владимир Талески.

-Она што се зборува јас би го нарекол продaвање магла и приведение, кога бројките за „Нискоградба“ се сосема јасни. Не продавaјте таква магла од оваа говорница. Мило ми е што во ВМРО-ДПМНЕ се уште има луѓе што мислат дека Владимир Талески добро работеше, се уште кажуваат дека завршната сметка на Општина Битола била добра и работењето на„ „Нискоградба“ било добро. Се додека така размислувате ние ќе бидеме комотни, рече Валентин Груевски, претседател на Советот  на општина Битола

Габриела Илиевска од Поинаку рече дека останува на својот претходен став, дека „Нискоградба“ работела лошо и нема да гласа за завршната сметка, а претседателот на Советот, Валентин Груевски појасни дека и ставот на владеачкото мнозинство е непроменет, но во овој случај советниците носат одлука за да се покрие загубата со акумулираната добивка од претходните месеци, што е сметковотствена операција.

-Во март кога се носеа завршните сметки, бев нападната со зборовите „па, добро и ние ќе гласаме против завршната сметка на „Нискоградба“ и добив уверување дека стоиме на ставот дека „Нискоградба“ работеше лошо, непринципиелно, незаконски. Денес кажувам дека ќе гласам против, затоа што мојот став за работењето  на „Нискоградба“ не е променето, рече Габриела Илиевска од Поинаку.

- Ние како и минатиот пат, немаме намера да ја гласаме завршната сметка на„ Нискоградба“ која покажува загуба од 32 милиони денари. Ниту сме ја гласале во претходните 10 години, ниту ќе ја гласаме денес. Она што треба да го направиме денес е да го изгласаме сметководственото правило дека треба да ја покриеме загубата, а тоа е законски начин таа загуба да се покрие сметководствено, а не дека тоа се некои реални пари што останале од минатите години, рече  Груевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани