2win800x200

ОТВОРЕН ВТОР НАПЛАТЕН ЦЕНТАР НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА „ВОДОВОД“, „КОМУНАЛЕЦ“ И „НИСКОГРАДБА“

Мај 13, 2023

Од денес почна со работа вториот наплатен центар на јавните комунални претпријатија „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“, лоциран во „Новиот пазар“. Наплатниот центар, се отвора по барање на граѓани од Нова Битола и околните населби, кои потребата од ваков центар, ја изнесоа на отворените денови на градоначалникот, потенцирајќи дека, центарот ќе значи големо олеснување посебно за повозрасните жители, кои не користат електронско плаќање на услугите.

„На отворените денови кои ги имавме со граѓаните, посебно повозрасните сограѓани, ја нагласија потребата од наплатен центар и во „Новиот пазар“, со што би им се олеснило плаќањето на сметките за комунални услуги, а дополнително би заштедиле и време и средства. Согледувајќи ја потребата, јавните претпријатија го уредија и опремија овој простор, како втор наплатен центар, со што потребните услуги се достапни и во овој дел на градот. Во наплатниот центар граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки за вода, сметките за Нискоградба и комуналните сметки без провизија, и благовремено ќе можат да бидат информирани за состојбата на своите комунални сметки и услуги“, изјави градоначалниокот на општина Битола, Тони Коњановски.

Во новиот наплатен центар во "Нов пазар" граѓаните ќе можат да бидат информирани и за сите поволности на услугите кои ги нудат трите комуналните претпријатија: како одложено плаќање, плаќање без провизија, пријавување на дефекти и друго. Наплатниот центар ќе работи од понеделник до сабота.

наплатен3

напралетн2

наплатен4

наплатен5

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани