Интегрална изјава на Петар Николовски, советник од СДСМ
Советничката група на СДСМ ќе поддржи ребаланс на буџетот на Општина Битола само доколку има зголемување на капиталните расходи за проекти од значење за градот, а не помала група на луѓе, и доколку се направи драстично намалување на трошоците за разни трансфери и договорни услуги.
До Советот на Општина Битола меѓудругото ќе предложиме и ја очекуваме поддршката од сите советнички групи, со ребалансот на буџетот да се обезбедат:
- сите потребни средства за реконструктивни зафати во Спортската сала Боро Чулевски за да се исполнат критериумите Еурофарм Пелистер да ги игра натпреварите од Лигата на шампионите,
- 100.000.000 денари за изградба на тартан атлетска патека на стадионот Петар Милошевски,
- 30.000.000 денари за патот од мостот на Драгор кај Довлеџик и кружниот тек за Пелистер,
- 15.000.000 денари за канализациона мрежа во село Буково,
- 10.000.000 денари за канализација во село Лавци,
- 4.000.000 денари за изработка на проект за канализација за село Нижеполе и Дихово.
До одржувањето на седницата на која ќе се разгледува ребалансот на буџетот, ги повикуваме граѓаните да предложат до нас советниците проекти за кои ќе побараме средства за реализација. Советот на општината и градоначалникот мора да ги почитуваат желбите и потребите на граѓаните!