АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Идејното решение за овогодишниот плакат е симболична претстава на оваа традиционална манифестација изразена преку орнаментиката и колоритот на македонскиот народен вез од Битолското Поле. Доминира црвената боја која во традицијата на народниот вез означува живот, здравје и со преносно значење во овој случај на богат и исполнет фестивал., информираат од Оптшина Битола
Неговота програма започнува од амфитеатрот во Хераклеја и преку Културно-информативниот центар и Центарот за Култура се протега до Саат кулата, другата имагинарна граница на Битолскиот Широк Сокак.
Секоја година Бит Фест во одреден период на свој начин ја носи во градот традицијата на македонското и светското творештво доближувајќи ја до современите сфаќања на човекот.
Автор на плакатот: Васко Ѓоргиев, ликовен уметник, претседател на ДЛУБ