2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Вечер во Кино „Манаки“ филм за развојот на македонската чалгија

Јули 11, 2022

Од денес, во Киното Манаки, како дел од програмата на битолското културно лето, почнува филмската ревија „Денови на SEE Film Festival“, која ќе трае до 15 јули. Проекциите започнуваат во 20.00 часот и се бесплатни, а ќе бидат прикажани дел од најдобрите наградени филмови од дванаесеттото издание на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон.

Вечерва, ќе биде прикажан филмот „КЕИФ“ (Македонска чалгиска традиција) во времетраење од 94 миути, во режија на Блаже Дулев, а по сценарио на Ристо Солунчев.

Македонската чалгија е вкоренета во музичкиот код на многу генерации. Оваа музика претставува основа и структура за многу современи музички форми и исто така претставува карактеристичен феномен што го спојува фолклорот со наследството на музичката традиција на Истанбул, т.е. со византиската црковна музика и со класичната отоманска во еднo, кореспондирајќи со осмогласието и макамскиот систем.

Филмот ги следи историјата и почетоците на чалгијата од Цариград (Истанбул) до Македонија во текот на еден век. Ја следи историјата на старите македонски музички групи (тајфи) основани во Скопје, Охрид, Велес, Кавадарци, Битола, но исто така и турската класична музика, преку академски професори од Турција. Во филмот се користат стари архивски снимки од изведбите на бардовите на овој вид музика, што носи на површина важен сегмент од македонските музички традиции за идните генерации.

Филмот го следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и секако, нејзиното појавување во денешниот контекст, преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани