Интегрален текст од прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ Битола.
СДС и од “Мечо” - радоста за децата и една оживеана градска традиција пробуваат да направат валканица и прскаат отрови на сите страни.
Вие од СДС и кога сте власт и кога сте опозиција не сте ништо друго, туку неартикулирана дружина, која ако е на власт спроведува криминал и предавство, а ако е во опозиција го загадува јавниот простор со небулозни прес конференции.
Е, ама ако во нешто умеете, еве тоа јавно ви го признаваме, тоа е да изместувате тези и да манипулирате дрско и
безобразно.
Многу малку ве држи меморијата, почитувана господо од СДС, вие на вашата градоначалничка не бевте во можност да и кажете кого да го смени, а кого да го постави, многу ви е јасно тоа, ама сега лечите фрустрации и лошо глумите локална опозиција!
Само вие можете, господо од СДС, да го омаловажувате враќањето и возобновувањето на “Мечо”после цели две и пол децении. Вие ставате дамка и на општествено одговорните компании, кои совесно сакаат да и помогнат на заедницата. Градоначалникот Тони Коњановски и натаму ќе соработува и ќе го поттикнува сите општествено одговорни компании, кои се подготвени во партнерство со општината и јавните претпријатија да дадат свој несебичен придонес во подобрување на заедничкото функционирање и животот во Битола.