АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Шпанци, Кипарци, Грци, Срби, Полјаци, Хрвати, шаренило од фолклорни ансамбли ќе настапат на годинешното 48 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ кој од 28 јули до први август се одржува во Битола. Меѓу 34 ансамбли на програмата е и настапот на гупата „Китка“ од Краун Поинт, Чикаго, Индијана, САД, која игра македонски фолклор, а учител им е Јапонец.
„Ќе имаме една група на фолклористи ентузијасти од Америка која го негува балканскиот фолклор, а посебно македонскиот. Истнересна е гупата ‘Китка’ од Краун Поинт, Чикаго Индијана, САД, каде учителот им е Јапонец, а ги учи македонски фолклор. Учителот има гостувано на ‘Илинденски денови’ и јас го посетив тој ансамбл во 1977 гдоина. Имаше и македонски ученици, но интернационален е“, вели Валентин Соклевски од Советот на фестивалот.
Фестивалот со играорниот и песнопоен дел започнува во сабота и ќе трае до први август. Од 34 фолклорни групи, 11 се странски ансабли. Фолклорните групи ќе бидат поделени во четири вечери, првите две се за традиционална музика и игра, третата е интернационална. Настаните ќе бидат на Ракометното игралиште, ако врне во Центарот за култура. 31 август е резервиран за Староградската вечер во битолската чаршија. Истата вечер ќе се одржи и манифестацијата „Оро и песна на Широк Сокак“ кога 15 ансабли ќе играат низ главната битолска улица. На први август во Хераклеја е завршниот концерт со интернационален фолклорен мозаик и настап на Виолета Томовска насловен „Мојата бабам Битола“.
На петте фестивалски дена им претходи и предпрогра која почнува уште вечерва со изложба на кошули и горна традиционална облека од збирката на колекционерот Јоне Ефтимов во 20 часот Магазата во Битола. Во петок во 19 часот во Фоајето на Народниот театар ќе се одржи изложба „Фолклорни мотиви“ на познатиот битолски фотограф Петар Ставрев.
Илиденски денови е единствен фестивал кој поседува сертификат и е дел од големото интернационално семејство на фолклорни фестивали CIOFF.
„На фестивалот очекуваме 1000 гости и 34 ансамбли. Следната недела нашиот град ќе живее со најразлични култури и традиции и ќе ја продолжиме традицијата на овој многу квалитетен фестивал“, рече Маja Андоновска Илијевски, директорка на Центрот за култура во Битола.