Денеска (15.08.2023) од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола,по добиени оперативни сознанија, од слобода е лишен А.К.(33) од Дебар, со престој во Битола. При претрес кај него, со судска наредба, пронајдени се предмети кои потекнуваат од извршена тешка кражба на 14.08. 2023 во Битола.
По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.