АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со амандман на претседателката Габриела Илиевска , Советот донесе одлука да се подигне биста на првоборецот Пецо Гудовски, откако Комисијата за подигање спомен обележја со два гласа „за“ и 2 „воздржани“ не ја прифати иницијативата на Сојузот на борци. Амандманот беше изгласан со 18 гласа „за“ на советниците од СДСМ, Левица и Поинаку, а ВМРО-ДПМНЕ гласаше воздржано. Со овој амандман подигање на биста на Гудовски станува дел од Програмата за одбележување значајни настани и личности.
„Точно е дека имало Комисија на која се разгледувале барања за спомен обележја и на која секој советник има свое мислење и свој став. До мене стигна барање од Сојузот на борци за подигање на спомен обележја на херои од градот. Од Сојузот на борци имаа состанок со мене и градоначалникот минатата година. Пред половина час добив меил од Сојузот на борци каде пишува дека се навредени, со право, затоа што оствариле средби со челниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и им било ветено дека ќе бидат поставени вакви спомен обележја. Во овој момент, посебно во оваа сосотoјба во која е нашата држава, повеќе од било кога ни треба борба против фашизам. Затоа што до мене е стигнато барањето, барам амандмански да се надополни одлуката и гласи „измена и дополнување на програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен биста на Пецо Гудовски“ . Мене личмо не ме интересира чиј дедо е, не ме интересира дали неговата фамилија има функција. Ние сме овде да носиме професионални одлуки. Од она што го прочитав за некој кој бил херој во овој град и за кој Сојузот на борци бара да биде поставен биста, рече Габреиела Илиевска, претседателка ан Советот на Општина Битола.
Предлогот беше прифатен и од СДСМ кои претпоставуваат дека Комисијата ја одби иницијативата затоа што Гудовски е дедо на министерката Бисера Стојчевска .
-Антифашистичката борба е нешто што е дел од нашето минато. Во претходните 76 години ниту еден предлог на борците не било одбиено. Ако имаме проблем сами со себе заради суета, треба да се остави настрана. Го поддржувам предлогот на претседателката и да го изгласаме сите, да го испочитуваме предлогот на Сојузот на борци. Предлогот е отфрлен без да се објаснат причината, претпоставуваме дека причина за тоа е што е предец на министерката за култура, но ве замолувам и барам поддршка од сите , рече Борче Корлевски, советник од СДСМ
Комисијата за подигање спомен обележја при Советот на Општина Битола со два гласа „за“ и 2 „воздржани“ не ја прифати иницијативата на Сојузот на борци од Битола за поставување биста за првоборецот Пецо Гуросвки. Тие ги прифатија иницијативите за подигање биста на народниот херој Васко Карангелевски од Сојузот на борци-Битола, спомен обележје за Јонче Мурџевски од истоимената месна заедница и спомен обележје за ликот и делото на пејачот Јонче Христовски поднесена од семејството.
Во Комисијата за подигање спомен обележја „за“ гласаа Кети Неделковска, советничка од СДСМ и Кире Климевски од ВМРО-Народна, а воздржание беа Сашо Никовски од ВМРО-ДПМНЕ и Марта Ѓоргиевска од СПМ.
На ваквата одлука на Комисјата денеска реагираше и Сојузот на борци
-За прв пат во изминатите 76 години од нашето постоење како организација која, меѓу другото, се грижи и ги негува традициите од НОАВМ 1941-1945, не се прифаќа наше барање за изградба на спомен биста на еден борец,Во изминатите 76 години изградивме во Битола и битолско над 160 споменици, вклучувајќи го централниот Споменик на Револуцијата , споменик кој е во чест и на Илинден и на НОАВМ, исклучиво со наши средства.Можеби некогаш , особено последните 20- тина години општинските органи одолговлекувале со донесувањето на одлуки, но апсолутно никогаш не одбиле наше барање, се наведува во реакцијата на Сојузот на борци
Инаку Гудовски (1920-2008) беше припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба. Тој е дедо на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска од СДСМ.
Гудовски е родум од Лавци, работел во селското училиште како служител и така започнале неговите први активности и контакти со селскиот учител Тошо Даскалот. Заедно со него имал заслуги за основањето на првиот партизански одред „Пелистер“. Под сомнение дека одржува врски со Тошо Даскалот бил во затвор и измачуван повеќе од 40 дена. Бил челен на одредите „Даме Груев“ и „Гоце Делчев “, баталјонот „Стив Наумов“, Првата македонско-косовска ударна бригада и учествувал во борбите во Егејска Македонија, Кочани и Куманово..Исто бил заменик командант и на Седмата македонска ударна бригада. Носитело е на многубројни одликувања од времето на НОБ.