Webp.net gifmaker

Сите граѓани над 40 години кои се пријавиле до крајот на април, во следните три дена ќе добијат термин за вакцинација

Мај 16, 2021

Сите граѓани над 40 години од градовите низ Македонија кои се пријавиле за вакцина до 30 април, во наредните три дена ќе добијат термин за вакцинација, најави министерот Венко Филипче

-Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена  од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk. Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk., напуша Филипче на ФБ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани