2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Иницијатива за збратимување на Битола и јапонскиот град Чигасаки

Октомври 12, 2023

После синоќешниот  концерт во рамките на програмата на фестивалот на класична музика Интерфест Битола 2023, каде заедно со Битолскиот камерен оркестар настапи Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука, денес оствари средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Амбасадорот и градоначалникот, ги искажаа големите впечатоци од концертот, договарајќи и идна соработка, особено од областа на културата, при што амбасадорот истакна дека, покрај што е голем вљубеник во културата и самиот е музичар.

slika8 1

Од двете страни, беше констатирано дека, соработката, уште повеќе ќе биде продлабочена преку збратимување на Битола и Чигасаки, за што со поддршка од Јапонската амбасада, од страна на Општина Битола, изразен е интерес до градоначалникот на Чигасаки, Сато Хикару, каде се изразува иницијатива за заедничко делување во повеќе области, во насока на зближување на двата народи.

slika1 1

Реализацијата на оваа иницијатива, ќе значи отворање на нови можности за соработка и размена на искуства помеѓу Битола и Чигасаки.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани