АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на Престолнината Цетиње Александар Кашќелан, заедно со висока делегација од Црна Гора и амбасадорката на Црна Гора во земјава, денеска беше во официјлна посета на Општина Битола и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска. Ова е прва официјална средба на Петровска и Кашќелан, по минатогодишното електронско збратимување на Битола и Цетиње.
-Меморандумот за збратимување го потпишавме на 4 Ноември минатата година, кога ветивме дека нема да остане мртво слово на хартија. Денешната средба е потврда дека ветувањето го исполнивме и да со нов ентузијазам ја продолжуваме соработката. На градоначалничката Петровска и го пренесов интересот на Цетиње за засилување на соработката и за размена на најдобрите искуства и практики во сите области на работа на локалната самоуправа, како и во секторите образование, туризам, култура и спорт. Посебно сме заинтересирани за бизнис соработката помеѓу стопанствениците од Цетиње и Битола, затоа што црногорската престолнина е позната по производите од месо, од кои најпозната. е црногорската пршута. Освен тоа Цетиње има исклучителна географска позиција и добра сообраќајна поврзаност, со што има добри услови и стимулативни мерки за развој на бизнисот, со што ги охрабруваме потенцијалните инвеститори од Битола, да инвестираат во бизниси во Цетиње. Заинтересирани сме за соработка во туризмот, затоа што двата града имаат исклучителен туристички потенцијал, посебно ако се има предвид дека историски гледано претставувале важни духовни, општествено политички и културни центри на нашите држави, но и на дипломатскиот живот, рече на средбата градоначалникот Кашќелан.
На срдбата се разговараше за можноста за соработка и заедничко аплицирање на проекти во европските фондови, за малдинските политики и соработка во областа на образованието, туризмот и културата
-Минатата година покажавме дека нема непремостливи препреки, кога има добра волја да направиме нешто за своите градови. Минатата година точно на празникот на нашиот град, успевме да се збогатиме со збратимувањето на двете локални самоуправи. Денес ја имаме таа привилегија да тоа на некој начин го доофицијализираме, односно имаме можноста да се ракуваме, покрај тоа што минатата година го направивме виртуелно, но и да дискутираме за се она што двете локални самоуправи можат да го направат за своите граѓани, во делот на културата, образованието, и туризмот, но и во делот на сето она што значи душата на двата града, затоа што она што е карактеристично за двата града е што носат душа на своите држава, рече градоначалничата Петровска
Градоначалниците разменија пригодни подароци, со специфики на двата града. Петровска на Кашжелан му подари икона од заштитникот на градот, подобниот Св. Нектариј Битолски и монографија за античкиот локалитет Хераклеја, додека пак Кашжелан и подари на Петровска скулптура од основачот на градот Цетиње, Иван Црнојевиќ