Денеска(16.11.2023)полициски службеници од криминалистичката
полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и две лица на возраст од 17 години сите од Битола.
Истите се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово, битолско, извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија-ХЕЦ Сапунчица во с.Дихово.
Приведените во целост го признале кривичното дело, а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ при што
пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.