Забрана за товарни возила на Ѓавато поради обилни врнежи од снег

Декември 07, 2023
фото: Архива фото: Архива

Oд 18:35 часот на магистралниот пат А-3, Битола-Ресен на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, воведена е забрана за движење на товарни моторни возил, информираат од АМСМ

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по  влажни коловози. Снег врне во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека, каде има и магла со видливост до 30 м. Врнежи со послаб интезитет има на Попова Шапка, Маврово,Стража, Страцин,Македонски Брод,Буково и Ѓавато. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Прогноза на УХМР 

ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне долж Повардарието.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во недела во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде ќе има услови за појава на магла.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани