2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Забрана за тешки товарни возила на премините „Плетвар“ и „Ѓавато“

Јануари 20, 2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по  влажни коловози. Врнежи од снег имаме на целата територија од државата.

 

На сила се активни забрани за движење на тешки товарни возила на: планински премин „Плетвар“, патниот правец А1 Демир Капија-Миравци, Битола-Ресен (планински премин „Ѓавато“), патен правец Тетово-Попова Шапка (товарни моторни возилаВ и автобуси), патен правец А2 Струга-граничен премин „Ќафасан“, Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар), село Рогачево до граничен премин „Јажинце“, а за останатите правци е задолжителна зимска опрема. На патниот правец Р1302 Струмица-Берово за патнички возила е задолжителна употреба на зимска опрема

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани