2win800x200

УВИД НА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ОПШТИНАТА

Февруари 20, 2024

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на повеќе локации каде што се изведуваат градежни активности, со што во тек е реализацијата на повеќе планирани проекти. Во делот на прифатилиштето за бездомни животни, општината е во завршна фаза на постапување согласно добиените насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство, активно се работи на изградбата на детската градинка во АРМ, продолжува реконструкцијата на улицата Захарија Шумљанска, а во Горно Оризари во тек е изведба на водоводна мрежа. Со овие активности, општината уште пред официјалниот почеток на градежната сезона, веќе работи на реализација на проектите согласно Програмите за работа.

Можно е да е слика од 1 лице, пат, хоризонт, дрво и магла

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани